Нема ништо ново во „истечените“ тајни воени документи

Вашингтон, 27 јули 2010 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама изјави дека американските тајни воени документи за Авганистан, кои „истекоа“ во медиумите, не откриваат ништо ново, но ја оправдуваат неговата одлука за преразгледување на стратегијата на САД за централноазиската земја кон крајот на минатата година.

Во првата реакција на откривањето на 92-те илјади документи на Пентагон за војната во Авганистан, во кои се говори за авганистански цивили убиени по грешка и за соработка меѓу претставници на пакистанското разузнавање и талибанците, Обама изрази вознемиреност поради „истекувањето“, поради тоа што тоа може да „изложи на опасност лица или операции на теренот“.

- Тие документи сепак не откриваат ниту еден проблем, кој досега не бил споменуван во нашите дебати за Авганистан, истакна претседателот на прес-конференција во Белата куќа.

Тој додаде дека документите, кои даваат песимистичка слика за ситуацијата на теренот и го опфаќаат периодот од 2004 до 2009 година, говорат за истите тешкотии, кои го натерале да направи целосно преразгледување на политиката на САД кон Авганистан минатата есен.

Во меѓувреме Пентагон покрена криминална  истрага за „истекувањето“ на тајните документи. Во текот на истрагата треба да се открие како воените документи беа објавени на сајтот Викилијкс. Истрагата е иницирана од Одделот за криминални истраги на копнените сили на САД.

Портпаролот на Пентагон, полковникот Дејв Лапан изјави дека истрагата има широк обем и оти таа не се насочена кон едно лице.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...