Израелката што провоцираше на „Фејсбук“ се жали дека добила смртни закани

Тел Авив, 17 август 2010 (МИА) - Израелката Еден Аберџил, која предизвика бура од реакции и критики ширум светот бидејќи на Фејсбук постави свои фотографии во војничка униформа крај врзани палестински затвореници, смета дека не сторила ништо лошо, а дека сега прима голем број смртни закани.

-Преку Фејсбук примив смртни закани од целиот свет, изјави Еден за онлајн изданието на најтиражниот израелски весник „Једиот ахронот“, изразувајќи жалење ако некого и повредила со својата постапка.

-Всушност јас се грижев за притворениците. ИДФ ( израелската војска) длабоко ме издаде. Посакав никогаш да не служев во таква армија, објасни таа. 

-Немаше насилство, ниту намера некој со фотографиите да се понижи. Само се сликав со нив во заднината. Тоа го сторив од возбуда, за да се потсетам на искуството. Тоа не беше политички став, ниту каков било друг вид на став. Стануваше збор за помнење на моето искуство во армијата . И тоа е тоа, рече Еден за израелското воено радио, тврдејќи дека „ се уште не разбира што лошо сторила“.    

Таа ги ставила фотографиите во албум на сајтот под насловот „Служење во ИДФ-најдобриот период од мојот живот“.

Воените авторитети нејзиното однесување го оценија како срамно, најавувајќи истрага за настанот.

Палестинските организации  соопштија дека фотографиите се понижувачки и дека укажуваат на менталитетот на окупаторот. 

Фотографиите се снимени во 2008 година, кога Еден служела задолжителен воен рок, а ги пренесоа Си Ен Ен, Скај њуз и британските весници, вклучувајќи го и „Гардијан“, јавуваат израелските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...