На Нов Зеланд продолжена вонредната состојба

Велингтон, 6 септември 2010 (МИА) - Властите на Нов Зеланд денеска ја продолжија вонредната состојба по дополнителните потреси во Крајстчерч, откако земјата ја погоди земјотрес кој предизвика најголема материјална штета во последните 80 години.

Во вториот најголем град на Нов Зеланд над 20 дополнителни потреси, од кои најсилниот изнесуваше 4,8 степени по Рихтер, предизвикаа денеска уште поголема штета, настаната по земјотресот со интензитет од 7,1 степен по Рихтер во саботата утрото.

Премиерот Џон Ки изјави дека околу 100.000 куќи, односно две од трите во регионот, можеби се оштетени во земјотресот во саботата.

- Штетата настаната над земјата е очигледна, но можеби ќе време да дознаеме колкава штета е направено на подземната инфраструктура, рече Ки.

Во поголем дел од регионот има електрична енергија и вода, а околу 200 лица мораа да одат во засолништа за вонредни ситуации.

Силен земјотрес од 7,1 степен по Рихтеровата скала го погоди во саботата Нов Зеланд, 30 километри од градот Крајстчерч на Јужниот остров. Епицентарот на земјотресот, што се случил во 4.35 часот по локално време, бил на длабочина од 66 километри.

Најсилниот земјотрес што го погодил нов Зеланд се случи на 16 јули 2009 година, во регионот Фиордленд на Јужниот Остров и неговиот интензитет беше 7,8 степени според Рихтер. Земјотресот го приближи јужниот крај на Нов Зеланд кон Австралија за 30 сантиметри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...