Палењето на Куранот би ја зајакнала Ал Каеда

Вашингтон, 9 септември 2010 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама денеска предупреди дека планот на пасторот на протестантската црква во Флорида да ја одбележи годишнината од терористичките напади во САД со палење на Куранот е во корист на Ал Каеда и го повика Тери Џонс да се откаже од намерата.

- Тоа совршено и одговара на Ал Каеда за регрутирање. Би можело да избие жестоко насилство на места како Пакистан или Авганистан. Тоа би придонело за регрутирање на поединци кои би биле подготвени да се дигнат себе си во воздух во американските или европските градови, наведе Обама.

Пасторот оценува дека со палењето на муслиманската света книга ќе се спротивстави на исламскиот тероризам, но неговиот план наиде на критики од верските, политички и воени лидери во САД и ширум светот, тврдејќи дека тоа ќе испровоцира нови напади.

- Се надевам дека пасторот ќе сфати дека тоа што го предлага е во целосна спротивност со американските вредности, дека оваа земја е изградена на темелите на верската слобода и верската толеранција, наведе Обама.

Тој потенцира дека државата не располага со правни средства со кои би се спречил пасторот, освен локалните власти да го спречат јавното палење на Куранот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...