Објавена првата официјална фотографија на Ким Џонг Ун

Сеул, 30 септември 2010 (МИА) - Севернокорејскиот државен дневен весник денеска ги објави првите официјални фотографии од Ким Џонг Ун, најмладиот син и наследник на лидерот Ким Џонг Ил.

Фотографијата со група високи официјални лица на владејачката Работничка партија е објавена на насловната страница на весникот „Родонг Шинмун“, а во текстот под неа се наведени имињата на лицата, меѓу кои и Ким Џонг Ун.

Ким Џонг Ун во понеделникот стана генерал, а следниот ден на првиот конгрес на Работничката партија по 30 години е именуван за потпретседател на Централната воена комисија.

Ли Џонг Ју, портпаролот на јужнокорејското Министерство за обединување кое е задолжено за односите со Пјонгјанг, изјави дека никогаш претходно не е објавена фотографија од Ким Џонг Ун.

Неговото име за првпат е спомнато во некои од севернокорејските државни медиуми кога е објавена веста дека е унапреден во генерал со четири ѕвезди.

Информациите во државните медиуми и објавувањето на фотографии ги потврдуваат ставовите на некои аналитичари дека Ким Џонг Ун е избран за наследник на севернокорејскиот лидер, како претставник на третата генерација од ова семејство кое е на власт во земјата од 1948 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...