Кинескиот дисидент Ксиабaо добитник на Нобеловата награда за мир

Осло, 8 октомври 2010 (МИА) - Кинескиот дисидент Лиу Ксиабaо е добитник на годинешната Нобелова награда за мир.

Претседателот на Норвешкиот одбор за доделување на Нобеловата награда, Торбјоерн Јагланд истакна дека Лиу „е најистакнат симбол на тешката борба за човекови права во Кина“.

- Новиот статус на Кина во светот носи и зголемена одговорност. Правата обезбедени со Уставот на Кина во пракса не функционираат за голем број граѓани, истакна Јагланд.

Педесет и четиригодишниот професор по литература и писател Лиу лани во декември беше осуден на 11-годишна затворска казна поради „противдржавни активности“. Тој, меѓу другото, бил еден од авторите на манифестот „Повелба 08“ со барања за сеопфатни политички реформи во Кина.

Манифестот заговара воведување на повеќепартиски систем и почитување на човечките и демократските права, слободата на верисповед, слободата на собирање и слободата на изразување.

Во 1989 година учествувал во протестите на плоштадот „Тиенанмен“ во Пекинг, кога исто така бил осуден на затворска казна.

Доделувањето на Нобеловата награда за мир на Лиу веќе однапред ги вознемири официјалните кинески претставници со кои Нобеловиот комитет беше во контакт, а кои притоа се заканиле со заладување на односите меѓу Кина и Норвешка.

Како што јави дописникот на МИА, годинава на списокот кандидати за Нобеловата награда за мир имаше рекордно голем број имиња, 237 поединци и организации.

Паричниот дел на Нобеловата награда годинава изнесува околу милион евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...