Мажите и жените се уште нееднакви

Њујорк, 20 октомври 2010 (МИА) - Жените ширум светот постепено ги пробиваат бариерите, кои ги спречуваат да зачекорат во светот на политиката, а голем број од нив и натаму живеат опкружени со насилство, се наведува во студијата на Обединетите нации за положбата на жените, која е објавена денеска во Њујорк.

Седум од 150 шефови на држави во светот и 11 од 192 премиери се жени, се наведува во студијата „Жените во светот 2010“, во која се додава дека тоа е незначителна промена во изминатите десет години, додека физичкото, сексуалното и психолошкото насилство и натаму останува „општа појава“.

- Постигнат е напредок на полето на здравствената заштита и образованието на жените, иако има уште многу да се стори, особено во намалувањето на нееднаквоста меѓу половите во јавниот живот и спречување на разните облици на насилство врз жените, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.

Половата нееднаквост е особено видлива во политичката арена, се вели во извештајот, кој се изработува на секои пет години.

Примери какви што се германската канцеларка Ангела Меркел и премиерката на Бангладеш Шеик Хасина претставуваат исклучоци. Се на се 18 жени во светот се на функциите шеф на држава или претседател на Влада, се додава во извештајот.

Секој шести министер е жена, иако тој просек претставува напредок во однос на 1998 година, кога нивната бројка беше двојно помала.

На нивото на националните парламенти постои постојан напредок, иако во 23 земји жените заземаат повеќе од 30 проценти од пратеничките места.

Недоволната застапеност на жените е видлива и во професионалниот свет, па така минатата година жените биле на раководни позиции во само 13 од 500-те најголеми компании во светот.

Студијата покажува дека се уште постои голем јаз меѓу мажите и жените во однос на висината на платите и се нагласува дека примањата на жените се на ниво од 70 до 90 проценти од платите на мажите, со тоа што најголемите разлики се забележани во азиските земји.

Во однос на образованието во извештајот се констатира дека на светско ниво процентот на девојчињата, кои одат во основно училиште е зголемен од 79 на 86 проценти во периодот од 1999 до 2007 година. Централна и западна Африка имаат најслаб просек во светот по прашањето за школување на женските деца. Во тој дел од светот само 50 проценти од девојчињата одат во училиште.

Извештајот е посветен и на насилството, чии жртви се жени и девојчиња, кои во текот на целиот живот се изложени на физичко, сексуално и психолошко насилство. Овој вид насилство се јавува во сите средини, без оглед на социјалната, општествената или културната припадност, се наведува во документот.

Процентот на жените, кои биле жртви на физичко насилство се движи од 12 проценти во Кина до речиси 40 отсто во Германија и Турција, 50 проценти во Австралија и 60 отсто во Замбија и Перу.

Во извештајот се вели дека жената во развиените земји троши просечни пет часа дневно за извршување на домашните задачи и за водењето грижа за семејството, што е два пати повеќе од мажите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...