Судска истрага против поранешниот претседател Џорџ Буш

Вашингтон, 10 ноември 2010 (МИА)- Организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“ ја повика администрацијата на Обама да почне судска истрага против поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот, откако тој призна во своите мемоари дека одобрил при распитот на заробениците да се користи симулирано давење, пренесоа светските агенции.

-Признанието на претседателот Буш е доволно за да се активира меѓународнота обврска, што е преземена од САД, да го истражува ова признание и да преземе судска истрага, ако тоа биде докажано", изјави претставникот на „Амнести интернешенел“ Роб Фриер.

Организацијата, исто така, бара САД да почнат независна истрага за прекршување на човековите права, извршени во името на „војната против тероризмот“ за време на владеењето на Буш од јануари 2001 до јануари 2009 година.

Во вчера објавените мемоари Буш открива дека на ЦИА и одобрил да употребува симулирано давење при распит на организаторот на атентатите од 11 септември Халид Шеих Мохамед.

При симулираното давење се излева вода врз дишните патишта на човекот, кој е обесен со главата надолу врз мокра крпа, за да се предизвика чувство на задушување.

Според интерминистерската белешка на Министерството за правда на САД, која е откриена во април 2009 година, ЦИА 183 пати го подложила Халид Шеих Мохамед на симулирано давење по неговото приведување во Пакистан во 2003 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...