Повеќе од 2.000 фетуси откриени во будистички храм во ТајландБангкок, 19 ноември 2010 (МИА) - Тајландската полиција откри повеќе од 2.000 фетуси во еден будистички храм во Тајланд за кои, се верува, потекнуваат од абортуси изведени во илегални болници.
Вниманието на полицијата ја привлекла силната реа што се ширела од храмот во кој на 16 ноември се пронајдени повеќе од 300 фетуси, за веќе до денеска тој број надмина 2.000, пренесуваат агенциите.
Полицијата уапси неколку лица осомничени дека биле вмешани во оваа афера - двајца гробари од храмот и жена која се товари за извршување илегални абортуси и отворање клиника без потребна дозвола.
-Гробарите признаа дека околу четири години примале фетуси и дека ги чувале додека не се исушат за полесно да ги изгорат, рече еден од претставниците на полицијата.
Храмовите во Тајланд обично имаат гробари кои ги подготвуваат телата за кремирање. Фетусите доаѓале од илеганите клиники во кои се вршат абортуси.
Абортусите се илегални во Тајланд, освен ако жената е силувана или здравјето и е во лоша здравствена состојба, пред се, заради бременоста.
|