Постои огромна опасност од ескалација на конфликтот меѓу двете Кореи

Минск, 23 ноември 2010 (МИА) - Русија го осуди севернокорејскиот артилериски напад врз јужнокорејскиот остров и предупреди дека има колосална опасност овие судири да прераснат во отворен конфликт, пренесоа светските агенции, цитирајќи го рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

-Престрелката под итно треба да запре. Тоа што се случи денеска треба да биде осудено. Оние кои го почнаа сето тоа и кои го гаѓаа јужнокорејскиот остров, презедоа огромна одговорност, изјави Лавров за време на посетата на белоруската престолнина.

-За жал, тоа не е првиот ваков инцидент. Годинава такво нешто се случува по трет пат, но во двата претходни случаи стануваше збор за изолирани престрелки, додека оваа случка може да прерасне во вооружен судир, изјави Лавров.

Северна Кореја утринава гаѓаше со артилерија јужнокорејски остров. Двајца јужнокорејски војници загинаа, а десетици куќи се опожарени како резултат на артилерискиот напад.

Пјонгјанг тврди дека Сеул прв отворил оган, потсетуваат светските агенции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...