Обама треба да поднесе оставка

Мадрид, 6 декември 2010 (МИА) - Претседателот на САД Барак Обама треба да поднесе оставка доколку се докаже дека ја одобрил наредбата за шпионирање на службеници на ОН, изјави основачот на Интернет страницата „Викиликс“ Џулијан Асанџ во интервјуто за шпанскиот весник „Паис“.

- Сите од раководството на САД кои знаеле за оваа наредба треба да поднесат оставка доколку сакаат да се задржи довербата кон нивната држава, изјави Асанџ нагласувајќи дека претседателот Обама треба да соопшти што знае за оваа нелегална наредба.

Според документите објавени од страна на „Викиликс“ Стејт департментот на САД им наредил на своите дипломати да прибираат информации за службеници на ОН. Исто така, властите на САД побарале од некои авиокомпании броеви на банкарски картички, електронски адреси, телефонски броеви и броеви на лични карти на некои функционери на светската организација.

Според шпанскиот весникот „Паис“ интервјуто со Џулијан Асанџ се одржало во саботата на непознато место. Тој пред весникот нагласил дека покрај притисокот од страна на властите на САД добил и повеќе стотици смртни закани, од кои некои биле упатени и кон неговите адвокати и децата.

Асанџ истовремено се наоѓа пред голем број пофалби и критики. Приврзаниците го сметаат за спасител на медиумите, а додека критичарите за анархист. Но и покрај притисокот врз него, „Викиликс“ продолжува да функционира.

Шведската пиратска партија соопшти дека Интернет страницата има повеќе од 3.000 посетители во секунда. Партијата нагласи дека поддржувачите на Асанџ создале стотици „огледални“ Интернет страници на своите сервери со што пристапот до дипломатските документи на САД ќе биде возможен и доколку „Викиликс“ биде избришан од Интернет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...