Барадеј ги смирува стравувањата

Вашингтон, 3 февруари 2011 (МИА) - Египетскиот опозициски лидер Мохамед Ел Барадеј се обиде да ги смири стравувањата на Западот дека неговата земја може да се заврти против САД и да се спротивстави на Израел.

- Тврдењата дека откако ќе стане демократија, Египет ќе биде непријателски настроен кон САД и Израел не одговараат на вистината, истакна Барадеј за американската телевизија Си-Би-Ес.

Барадеј, кој ја доби на Нобелова награда за мир додека раководеше со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), сега е предводник на протестите во Египет.

Тој повторно го отфрли предлогот за дијалог со египетскиот потпретседател Омар Сулејман и нагласи дека пред тоа е неопходно претседателот Хосни Мубарак да се повлече од функцијата.

- Никогаш нема да започнам дијалог додека Мубарак е на власт. Бидејќи со тоа само ќе се потврди легитимноста на режимот, која според мене веќе е изгубена, истакна опозиционерот.

Според Барадеј,  тешко е да се верува дека Мубарак знае што значи демократија и е малку веројатно дека тој навистина разбира оти треба власта да ја предаде на друг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Малиот Трпе го прашува деда си.
- Дедо, сакаш студентка да имаш за жена?
- Е, а кој не би сакал.
- Е па запиши ја баба на факултет!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
ообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради...
Верски календар
На денешен ден
1511.- Роден е италијанскиот сликар, архитект и...
1619.- Во Џемстаун, во Вирџинија, САД, се одржа...
1818.- Родена е англиската писателка со ирско...
1863.- Роден е Хенри Форд, производител и...