Демонстранти застрелани на улица во Бахреин

Група демонстранти биле застрелани на улица во Бахреин додека протестирале. Еден од нив целиот инцидент го снимил со видео камера, а записот го објавил на Интернет. Демонстрантите бараат смена на власта, додека силите за безбедност пукаат во нив. Најмалку шест лица се убиени, а стотици се повредени во досегашните судири на протестите. Неколку аматерски видео снимки, кои се појавија на Интернет, докажуваат дека армијата без особени причини пука со огнено оружје во демонстрантите, кои пак се невооружени.

На последниот запис се гледа како помала група на цивили се движи по улица, кон тенковите на војската. Во еден момент се слушаат истрели од автоматско оружје, по што на улицата остануваат да лежат поголем број ранети. Останатите цивили, кои се неповредени се обидуваат да ги спасат ранетите. Нема информации дали во овој инцидент има загинати.





Инаку, поради протестите, кралот на Бахреин им понудил национален дијалог на сите политички партии во земјата, но главниот шиитски блок веднаш го одбил тоа.



“Мислиме дека не постои сериозна волја за дијалог, бидејќи војската е на улиците“, рекол Ибрахим Матар, член на Вефак, главниот шиитски опозициски блок, кој во четвртокот демонстративно го напушти парламентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...