Опозицијата во Либија го завзеде Бенгази

Триполи, 21 февруари 2011 (МИА) - Демонстрантите во градот Бенгази во источниот дел на Либија денеска излегоа победнички на улиците откако објавија дека презвемале целосна контрола над градот.

Истовремено беа обновени протестите во главниот град Триполи каде дојде до нови судири меѓу демонстрантите и полицијата на еден од централните плоштади. Синот на либискиот лидер Муамер Гадафи и негов очекуван наследник Сеиф ал Ислам, синоќа на објави дека неговиот татко и силите за безбедност ќе се борат до последниот куршум.

Судирите избувнале доцна синоќа на Зелениот плоштад во Триполи. На покривите на околните згради биле распоредени снајперисти кои отвориле оган врз толпата.

Демонстрантите биле нападнати и од приврзаниците на режимот кои упаднале со автомобили на плоштадот и се судриле со толпата. Изутрината антивладини демонстранти ги завземале зградите на две државни телевизии. Додека над областа каде се наоѓаат полициската станица и базата на силите за безбедност се издига црн чад.

Денеска сите училишта, државни служби и повеќето трговски центри во Триполи останаа затворени.

Властите во Либија реагираа на протестите најсурово во однос на сите останати режими на Блискиот Исток и Северна Африка. Досега, според неофицијални податоци во смирувањето на немирите загинале речиси 300 лица, од кои 60 во вчерашните судири во Бенгази.

Ситуацијата се усложнува поради гласините дека демонстрантите и приврзаниците на режимот украле оружје од базите на безбедносните сили. Постои реална опасност од појава на вооружени престрелки и провокации на улиците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...