Либиски војници дислоцирани во градот Сабратах, во насилствата загинале 300 лица

Рабат, 23 февруари 2011 (MИА) - Голем број либиски војници од либиската армија се дислоцирани во градот Сабратах, западно од Триполи, откако демонстрантите таму ги разурнаа влаидните згради, пишува во електронското издание либискиот весник „Курина“.

Во градот, што се наоѓа на 80 километри западно од либиската престолнина, демонстрантите ги опожариле зградите на службите за безбедност, на криминалната полиција и на револуционерните комитети.

Освен тоа, тие кинеле портрети на Моамер Гадафи, пишува весникот.

Сабратах е град познат по археолошките остатоци од римско време.

Синоќа претседателот на либискиот Општ народен конгрес (Парламент) Мохамед Звеи изјави дека во Либија „повторно е воспоставен мирот“.

Тој истакна дека „безбедносните сили и војската повторно ги утврдиле своите позиции“ и дека е формирана комисија која ќе спроведе истрага „за осмодневниот бунт против либискиот лидер Моамер Гадафи“.

Звеи истакна дека „моменталните околности не дозволуваат да се одржи состанок на Парламентот за да се расправа за рефрмите“ кои претходно оваа недела ги најави синот на Гадафи Сеиф ал Ислам.

Во меѓувреме, заменик шефот на Генералштабот на военото воздухопловство Џебрил ел Кадики изјави дека се бомбаридрани магацини на оружје и муниција на исток, северозапад, југот и југозападот на земјата, но оти тие се наоѓаат во областите кои се далеку од населените места.

Досега во насилствата во Либија загинаа 300 лица, вклучувајќи 58 војници, се првите официјални податоци кои синоќа ги објави режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи од почетокот на антивладините протести пред една недела.

Се смета дека речиси половина од жртвите настрадале во вториот по големина град Бенгази на истокот на земјата, кој најмногу е погоден од немирите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...