Крајстчарч, 25 февруари 2011 (МИА) - Бројот на жртви во силниот земјотрес што го погоди пред два дена градот Крајстчарч во Нов Зеланд е 113. Двесте дваесет и осум се сметаат за исчезнати, соопшти полицијата.
Претходните податоци беа 98 загинати во земјотресот со интензитет од 6,3 по Рихтеровата скала.
Телата на повеќе од половината загинати биле извадени од објектот на локалната телевизија. За време на потресот во неа имало околу 120 луѓе. Над 50 тела се извадени од англиско училиште за странци каде се претпоставува дека има уште жертви. Вкупно 20 луѓе биле затрупани под урнатата катедрала на Крајстчарч.