Кога ќе ја снема среќата

Во 12.51 по локално време, земјотрес го потресе Крајстчрч, при што во вториот по број на жители град на Нов Зеланд загинаа најмалку 65 луѓе. Со нешто повеќе од 380 илјади жители пријавени како заробени или исчезнати, бројот на загинати сигурно ќе расте. Премиерот Џон Кеј брзо дојде во градот и набрзо изјави дека ова може да се нарече „најтемниот ден“ во земјата.

Како по правило, настаните на Нов Зеланд не ги вознемируваат меѓународните новински агенции. Но, од неодамна тоа се смени по многуте хорор приказни кои доаѓаат од јужниот остров на државата.

Минатиот септември прво удри земјотрес кој го погоди Крајстчрч. И покрај големите разрушувања, не беа пријавени човечки жртви. Но, минатиот ноември немаше такви изненадувања, кога експлозија во подземен рудник за јаглен под Јужните Алпи кај Крајстчрч уби 29 мажи. На 22 февруари конечно ја снема среќата за Крајстчрч.

Иако последниот потрес беше послаб од септемврискиот (со магнитуда од 6,3 степени наспроти 7,1 тогаш), овој беше и поплиток (5 км во однос на 10 км тогаш, со епицентар помалку од 10 километри од центарот на градот - минатиот пат беше 30 километри подалеку. И времето на потресот имаше страшен ефект. Септемврискиот потрес се случи за време на викенд рано наутро, но овој пат за време на ручек паузата на улиците имаше врвулица од работници, купувачи, туристи и ученици.

Ноз Зеланд е подобро подготвен да се справи со такви катастрофи отколку било која сиромашна земја - Хаити, на пример. И покрај тоа, овој пат материјалните оштетувања, настрана од човечките жртви, се огромни. Најстарите згради од времето на колонијалното доба во „најанглиските“ градови на Нов Зеланд го издржаа септемврискиот земјотрес. Со тогаш ослабната градска инфраструктура, и по многуте афтершокови, многу од најновите згради во градот сега потклекнаа - како што се случи со дел од иконската Англиканска катедрала во Крајстчрч.

Во Крајстчрч градоначалникот Боб Паркер прогласи вонредна состојба и сите летови од аеродромот - освен оние за помош - се откажани. Пријавено е дека една третина од градот е без струја, со големи оштетувања на патиштата, водата, канализацијата и гасната инфраструктура. Сервисите за итни случаи иако брзо реагираа, беа задушени од степенот на оштетувањата. Центарот за помош во градскиот пак Хагли нарзо се преполни.

Ноќта додека дождот почнуваше да врне, дополнителен персонал, вклучувајќи ја и војската, итаа накај Кристчрч, а тим за пребарување и спасување од Австралија го преминуваше Тасманиското Море. Моќта на градот да се справи со Светскиот куп во рагби, кој е всушност најголемиот меѓународен настан кој би се одржал на Нов Зеланд во септември и октомври оваа година, е сега под прашање; хотелите се тешко оштетени, а главниот стадион е затворен заради оштетувања.

Новозеландскиот долар и берзата паднаа по веста за земјотресот, а во главниот град Велингтон на итниот состанок на кабинетот на владата беа одобрени специјални мерки за да се покријат трошоците по потресот. Конзервативната коалициска влада на Кеј се соочува со избори закажани за 26 ноември. Минатата година владата и Кеј беа пофалени за нивното справување со катастрофите во 2010, а нивниот рејтинг остана висок.

Но, економските трошоци од последната катастрофа доаѓа како дополнување на минатогодишната штета од Комисијата за земјотреси на Нов Зеланд, која беше пресметана на 3,5 миулијарди новозеландски долари - сега сигурно ќе „заболи“. Политичката судбина на владата, веќе погодена од рецесијата, уште повеќе ќе ја натежнат овие долготрајни ефекти од земјотресот врз финасиите на Киви.

Последниот земјотрес уште еднаш ја потецираше високата сеизмичка активност на Нов Зеланд. Распослани на јужниот крај на „огнениот круг“ на Пацифичкиот океан, и на преминот помеѓу индо-австралиската и пацифичката плоча, на овие острови не им е непозната непријатната сеизмичка активност. Но, земјотресите таму, колку и да се чести, се вообичаени слаби. И раштрканоста на населението на земјата од само 4 милиони, значи дека големи оштетувања и загубите на животи се навистина ретки.

Досега, ниту еден земјотрес не убил толку луѓе уште од оној од 1931 година. Силината на септемврискиот земјотрес, досега непозната за сеизмолозите, за сите беше шок. Можно е да следуваат уште полоши за Крајстчрч, затоа што еден од афтершоковите со јачина од 5 степени уште еднаш направи оштетувања и ги престраши преживеаните.

Економист - Лондон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...