ЕУ со санкции против Гадафи и негови блиски

Брисел, 28 февруари 2011 (МИА) - ЕУ наложи ембарго за оружје против Либија, замрзна сметки и наложи визна забрана за Моамер Гадафи и за 25 лица од неговото блиско опкружување. Таквиот опфат на санкциите на ЕУ ги надмина оние усвоени од Советот за безбедност на ОН.

- Забрани за патување, замрзнување на банкарски сметки, забрана за продажба на оружје и други стоки, кои може да се користат за репресивни мерки - тие санкции беа усвоени едногласно од постојаните претставници на 27-те земји од ЕУ на средба во Брисел, изјави европски дипломат.

Списокот на лицата, за кои важи замрзнувањето на сметките и забраните за патувања, е подолг од оној на ОН, додаде дипломатот.

Усвоените санкции од ЕУ ги засилуваат оние на ОН. Се очекува тие да бидат официјално утврдени подоцна денеска од Европскиот совет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...