Лидерот на либиските бунтовници повика на „победа или смрт“

Бајда, 4 март 2011 (МИА) - Лидерот на бунтовничкиот Национален либиски совет Мустафа Абдел Џалил изјави денеска дека целта на востанието во Либија е „победа или смрт“.

- Ние сме луѓе кои не се предаваат. Победа или смрт. Нема да запреме додека не ја ослободиме земјата. Помина времето на лицемерието, изјави на митинг во Бајда поранешниот министер за правда Џалил, кој го напушти режимот на Моамер Гадафи и премина на страната на востаниците.

Учесниците на митингот скандираа „Либија е слободна и Гадафи треба да си замине“.

Џалил ги предупреди востаниците дека во нивните редови можеби се инфилтрирани приврзаници на стариот режим.

- Не ги слушајте и не им дозволувајте да ја разурнат нашата револуција, истакна бунтовничкиот лидер.

Тој ги повика луѓето да не уриваат згради, кои ќе им бидат потребни кога Либија ќе стане слободна.

Ахмед Џабрил, соработник на Џалил, вчера изјави дека е можно да има преговори единствено кога Гадафи ќе поднесе оставка и ќе ја напушти Либија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...