Силите на Гадафи ги нападнаа со тенкови позициите на бунтовниците во градот Завија

Триполи, 5 март 2011 (МИА) - Силите на либискиот лидер Моамер Гадафи со артилериско оружје, тенкови и оклопни воени возила вршат напади врз станбените квартови во западниот град Завија, во рамки на операцијата против бунтовниците, јавија дел од арапските медиуми.

- Сведоци сме на борби и убиства, какви што сме гледале во Ирак. Сметам дека ова е целосен геноцид, изјави очевидец за телевизијата Ал Арабија.

Повеќе од 15 оклопни воени возила и тенкови влегле во градот пред два часа, а жестоки пукотници, според очевидците се слушаат во сите региони.

Ал Џазира исто така јавува за жестоки судири во градот, како и за тоа дека тенкови вршат напади врз домовите.

Неколку пожари беснеат во Завија, кој се наоѓа на околу 60 километри од главниот либиски град Триполи.

Во меѓувреме Швајцарија ги зајакна финансиските санкции против режимот на Гадафи.

Швајцарија претходно во февруари ги замрзна сметките во швајцарските банки на 29 лица од режимот на либискиот лидер, меѓу кои и тој самиот. Берн сега им забрани на тие лица какви било финансиски трансакции.

Швајцарските власти нагласија дека либиските државни компании и фирмите, контролирани директно или индиректно од либиската држава, не се засегнати со овие мерки, доколку тие не се наоѓаат на листата на Комисијата за санкции на Обединетите нации.

Според податоците од 2009 година во швајцарските банки има вкупно 640,3 милиони евра либиски државни средства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...