Гадафи ќе биде убиен од негов соработник

>Каиро, 9 март 2011 (МИА) - Либискиот лидер Моамер Гадафи ќе биде убиен од негов соработник, сметаат речиси две третини од испитаниците во анкета на сателитската телевизија „Ал Арабија“.

Во испитувањето на телевизијата, речиси 62 проценти од анкетираните оцениле дека актуелната криза во Либија ќе заврши со убиство на Гадафи, кое ќе го изврши некој од неговите блиски соработници.

Наспроти ова, речиси 32 отсто од испитаниците веруваат дека ќе биде постигнат договор Гадафи да ја напушти Либија, а само нешто под седум проценти сметаат дека либискиот лидер ќе им се предаде на бунтовниците.

Во интернет анкетата на „Ал Арабија“ учествувале над 29.000 лица.

Во врска со резултатите на анкетата, телевизијата ја пренесува изјавата на експертот за Блискиот Исток од лондонскиот Економски колеџ, Фуаз Џарџас, кој смета дека Гадафи е „притиснат до ѕид“ и дека „нема стратегија за повлекување“.

- Тој најверојатно ќе се бори до последниот здив, оценува Џарџас во изјавата за „Ал Арабија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...