Русија ги нападна Одеса и Харков пред најавеното примирје од Путин

Еден човек е убиен, а друг е повреден во руски воздушен напад врз цивилната инфраструктура во јужниот регион Одеса, соопшти денеска канцеларијата на регионалниот обвинител, кратко пред почетокот на 72-часовното примирје предложено од Кремљ.



„Две лица се повредени во масовниот напад со беспилотни летала врз градот Харков, изјави градоначалникот Ихор Терехов.

Околу 200 борби се регистрирани во Украина во текот на последниот ден, објави денеска на ФБ Генералштабот во Киев. Се наведува дека особено жестоки борби се случиле во областа околу градот Покровск во регионот Донецк, каде бранителите одбиле 78 напади од страна на руската армија.

Информациите дадени од завојуваните страни не можат независно да се потврдат, но даваат претстава за обемот на борбите.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 105 украински беспилотни летала биле соборени над 11 руски региони во текот на ноќта - 19 од нив над Московскиот регион.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи еднострано примирје кое се совпаѓа со одбележувањето на годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија на 9 мај, на кое треба да присуствуваат неколку странски достоинственици.

Прекинот на огнот е предвиден да важи од полноќ во среда во Москва до полноќ во сабота (21:00 ГМТ среда - 21:00 ГМТ сабота).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Кој ќе остане последен во авионот, ќе го чисти!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...