
Триполи, 9 март 2011 (МИА) - Опозициските сили денеска соопштија дека армијата на Моамер Гадафи напредува кон нафтениот центар Рас Лануф, како дел од офанзивата за Бенгази.
Во последните денови се водат тешки борби за западниот град Завија, на 50 километри од Триполи, како и во близина на Рас Лануф.
Арапските медиуми јавија дека либиската авијација извршила повеќе напади врз Рас Лануф.
Противниците на режимот на Гадафи наведуваат дека имаат две можности - едната е слобода и развој, а другата е ропство под ногата на тиранинот Моамер Гадафи.
Опозицијата тврди дека не може да стигне до Сирт, родниот град на Гадафи бидејќи на единствената улица од градот распоредени се силите лојални на Гадафи.