Земјотрес од 8,9 степени ја погоди Јапонија

Силен земјотрес со интензитет од 8,9 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска североисточното крајбрежје на јапонскиот остров Хоншу, создавајќи два цунами бранови со височина од 10 и четири метри, кои предизвикаа разурнувања во префектурите Ивате, Мијаги и Фукушима.

Цунами брановите прекрија голем број возила и куќи на брегот, при што загина најмалку едно лице. 

Медиумите јавуваат дека десетметарскиот цунами бран, кој е најголем во Јапонија во последните седум години, го погодил пристанишниот град Сендај, а пристигнуваат информации и дека има најмалку 20 повредени во земјотресот во Токио и префектурата Мијаги, на островот Хоншу.

Опасност од удари на цунами е прогласена и во крајбрежните тихоокеански реони на Русија, како и на Маријанските Осторви, Филипините, Тајван, Индонезија, Папуа - Нова Гвинеја, Наури, Микронезија и Хаваите.

Епицентарот на потресот, за кој првично беше соопштено дека е со интензитет од 7,9, а потоа и од 8,8 степени според Рихтер,  бил на 125 километри источно од островот Хоншу, на 24 километри под дното на Тихиот Океан.

По првиот земјотрес следувале уште серија вторични потреси меѓу кои четири со интензитет од 7,1 степени, а најсилниот изнесувал 7,9 степени. Епицентарот на овој земјотрес се наоѓал 130 километри источно од Сендај, на длабочина од 24 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.

Јапонските медиуми јавија дека има голем број повредени, како и дека се оштетени повеќе патишта и има прекин во телефонските врски. По потресот во неколку згради избувнале пожари.





Потресот бил почувствуван и во јапонскиот главен град Токио каде се урнал покрив на една хала во која се одржувала церемонија на доделување дипломи на околу 600 студенти. Од зградите во главниот град биле евакуирани милиони луѓе, а избиле и неколку пожари.

Јапонската армија им нареди на бордовите на Воената морнарица во базата „Јокосука“ да се упатат кон реоните погодени од земјотресот и цунамито за да им укажат помош на настраданите. Испратени се осум воени авиони и бродови за проверка на ситуацијата на теренот.

Националната телевизија прикажа снимки направени од хеликоптер, на кои се гледаат поплавени крајбрежни градови, како и возила и контејнери кои плутаат во надојдената вода.

Во северниот дел на Јапонија привремено е запрен железничкиот сообраќај, а во Токио се одложени и авионските летови.

Нуклеарните постројки во префектурите Мијаги и Фукушима автоматски се затворени по силниот потрес. Во Фукушима е пријавено исчезнување на осум луѓе.

Властите сега ги очекува утврдување на бројот на жртвите и проценка на причинетата материјална штета.

Земјотресите се честа појава во Јапонија, која се наоѓа во едно од најактивните сеизмички региони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...