Над 900 загинати, 1.600 се прогласени за исчезнати

Токио, 12 март 2011 (МИА) - Бројот на загинати и исчезнати како резултат на вчерашниот разорен земјотрес и брановите цунами во Јапонија достигна 2.500 лица, според најновите податоци на јапонската полиција.
Досега властите официјално ја потврдиле смртта на 900 лица. Бројот на исчезнати без каква било трага надмина 1.600 лица.

Има жртви меѓу учесниците во спасувачките операции. Во префектурите Мијаги, Ивате, Фукушима, кои најтешко беа погодени од катастрофата, загинале двајца полицајци. Изгубена е врската со други 55 полицајци.

Неколку села во североисточниот дел на Јапонија беа погодени од бранови цунами со височина до десет метри и се претворија во руини. 

Активни спасувачки операции се уште таму не се спроведуваат поради опасност од нови силни потреси и цунами.

Најмалку 30 лица беа повредени денеска при серија нови земјотреси во префектурите Нагано и Ниигата на крајбрежјето на Јапонското Море. Силата на најмоќниот потрес беше 6,7 степени. Нема штети во нуклеарната централа во Ниигата.

Двете префектури немаат врска со североисточното крајбрежје на островот Хоншу, каде вчера се случи најсилниот земјотрес во историјата на земјата со интензитет од 8,9 степени. Експерти претпоставуваат дека тоа предизвикало сеизмичка активност и во други реони на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...