Во јапонската префектура Мијаги можно е да има 10.000 жртви

Токио, 13 март 2011 (МИА) - Само во јапонската префектура Мијаги е можно да има над 10.000 жртви од земјотресот и цунамито, соопшти јапонската телевизија Ен Ејч Кеј, цитирајќи началник на локалната полиција.

Јапонија денеска ја продолжува борбата со последиците од разурнувачкиот земјотрес и цунамито што следеше, кои досега ја предизвикаа смртта или исчезнувањето на околу 2.000 лица, иако најновите проценки укажуваат дека бројот на жртвите може да достигне и 10.000, јави јапонската агенција Кјодо.

Според досега расположливите податоци, потврдена е смртта на 800 лица.

Во префектурата Фукушима како исчезнати се водат 1.167 лица, додека во префектурите Мијаги и Ивате, долж Пацифичкиот брег, пронајдени се 600 безживотни тела.

Локалните власти наведуваат дека најмалку 20.820 објекти се целосно или делумно уништени во земјотресот со јачина од 8,9 степени според Рихтеровата скала, додека од шест префектури се евакуирани повеќе од 300.000 лица.

Во тек е евакуацијата и на околу 180.000 лица во радиус од 20 километри околу нуклеарната централа Фукушима 1, еден ден откако се излеа радиокативна содржина, наведуваат јапонските медиуми.

Владата упати околу 100.000 војници во најзагрозените подрачја, а јапонското Министерството за надворешни работи наведува дека вкупно 69 странски влади и пет меѓунаридни институции понудиле помош за Јапонија.

Земјотресот и цунамито оштетија и два реактора на нуклеарната централа Фукушима-Даичи на брегот и веројатно е во тек (ново) делумно топење на јадрото на реакторот, изјави денеска портпаролот на јапонската влада Јукио Едано.

Тој изјави дека операторите од реакторот испуштаат воздух со незначителна радиокативност и уфрлаат вода во намерата да го намалат притисокот и температурата, со што сакаат да го спречат топењето на реакторот, додека јапонската влада предупредува на нова закана од експлозија.

Милиони Јапонци веќе трет ден по земјотресот немаат вода за пиење или струја и живеат на инстант тестови и оризови топчиња, додека јапонската влада предупредува дека ќе следат плански исклучувања на струјата кај оние што ја има, за да се чуваат резерви од електрична енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...