Експлодира третиот реактор на „Фукушима 1“

Токио, 14 март 2011 (МИА) - Девет лица се ранети во денешната експлозија на третиот реактор на јапонската нуклеарна централа „Фукушима 1“, од кои шестмина се војници.

Генералниот секретар на јапонската Влада Јукио Едано изјави дека како резултат на експлозијата во нуклеарната централа „Фукушима 1“ не е разурнат главниот пункт за управување на реакторот и не е регистрирана радијација.

- Според досегашните информации малку е веројатно дека може да дојде до исфрлување на големи количини на радиоактивни супстанци, додаде Едано. 

Тој појасни дека експлозијата се случила поради насобраниот водород во реакторот.

Според експертите од Токиската електрична компанија експлозијата во третиот реактор била многу помоќна од експлозијата во саботата во првиот реактор, која предизвика паѓање на покрив. Третиот реактор работи со гориво од ураниум и плутониум, но како што велат експертите, според своите карактеристики не претставува голема опасност за безбедноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...