Нивото на радијацијата е 300 пати над нормата

Токио, 16 март 2011 (МИА) - Нивото на радијација во реонот на јапонскиот град Китаибараки е 300 пати над нормата, соопштија регионалните власти во префектурата Ибараки.

Китаибараки се наоѓа на тихоокеанското крајбрежје на Јапонија, во централниот источен дел на островот Хоншу.

Персоналот на јапонската нуклеарка „Фукушима 1“ претходно беше евакуиран поради зголемена радијација, изјави портпаролот на Владата Јукио Едано, додавајќи оти тоа е времена мерка.

Евакуацијата беше наложена поради зголемување на радијацијата, соопшти и претставник на агенцијата за нуклеарна безбедност.

На Петтиот и Шестиот реактор сега се спроведуваат работи за преминување кон нивно активно ладење. Тие мерки се преземаат за да не се дозволи да се создаде ситуација, слична на онаа во Четвртиот реактор, рече Едано.

Претходно, на Четвртиот реактор на централата беше забележан оган, по еден час тој исчезна, но подоцна над централата беше виден бел чад.

Раководството на  компанијата - оператор на централата „Токио електрик пауер“ (ТЕПКО) соопшти дека се проверуваат причините за она што се случило.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...