Западот ја сака либиската нафта

Триполи, 16 март 2011 (МИА) - Либискиот лидер Моамер Гадафи ги нарече денеска бунтовниците во земјата „стаорци и кучиња скитници“ и го обвини Западот дека само ја сака либиската нафта.

Во говорот пред своите приврзаници во Триполи, Гадафи ги отфрли негирањата дека во немирите во Либија загинале повеќе илјади лица, истакнувајќи дека животот го изгубиле неколку стотина и тоа поголемиот дел од бунтовниците.

Гадафи истакна дека неговата Влада е цврсто решена во намерата да го уништи непријателот.

- Ако тоа е странски заговор, ние ќе ги скршиме, а и доколку е заговор од земјата ќе ги скршиме исто така. Ќе ги победиме колонијалистите. Ќе ја победиме Франција, Америка и Велика Британија, изјави Гадафи за државната телевизија.

Тој нагласи дека либискиот народ е подготвен да се бори за својата нафта и да го чува единството на Либија, дури и по цена на живот.

Истовремено, либиската Влада објави дека се надева дека за неколку дена ќе ги победи бунтовниците и повторно ќе воспостави контрола над градовите кои се под нивна контрола.

- Со цел повторно да ја обединиме земјата и да ја зачуваме цела, вооружените сили мораат повторно да воспостават контрола над голем број градови, изјави заменикот министер за надворешни работи Халед Каим.

Каим истакна дека либиската Влада и покрај кризата нема да ги прекине постоечките договори со светските нафтени компании.

Силите на Гадафи во изминатите 10 дена напредуваа по должината на брегот кон исток.

Либиските бунтовници синоќа употребија противвоздушно оружје и тешка артилерија во градот Бенгази, вториот по големина град во Либија и центар на бунтовничкиот отпор. Иако, либиската армија претходно соопшти дека ќе започне операција против Бенгази, според новинарите не биле забележани авиони како се приближуваат кон градот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...