Операцијата во Либија нема да биде лесна и краткотрајна, предупредуваат британски експерти

Британски воени експерти предупредија денеска дека воената интервенција во Либија, што започна синоќа со бомбардирање на воени цели во околината на Триполи и Мисурата, нема да биде лесна и краткотрајна операција, јави дописникот на МИА.

Според нивното објаснување, и покрај тврдењето на меѓународната коалиција дека е забележан успех со „онеспособувањето на виталните центри за војување“ на либиската армија, силите на Гадафи и Либија сепак се уште ја имаат иницијативата, а либиската армија се уште постои и е способна да се спротивставува. Освен тоа, “не е никаква тајна дека Гадафи се уште ужива силна поддршка кај дел од народот“, посебно кога станува збор за главниот град, каде живее безмалку третина од населението.

Воените експерти забележуваат дека меѓународната коалиција не покажува каква е нивната стратегија, тврдејќи дека сојузниците не навестуваат што ќе уследи по бомбардирањата, па и по воспоставувањето на зона за забранети летови. Мандатот на ОН не дозволува странска окупација на било кој дел од Либија, но за целосен успех на операцијата, а тоа значи и соборување на режимот на Гадафи, најверојатно ќе требаат и војници на теренот, оценуваат воени експерти.

Британската Влада засега е категорична дека би сакала „ослободување на Либија“ од Гадафи, но дека тоа е само „подалечна желба“, изјави денеска британскиот министер за финансии Џорџ Озборн, не одговарајќи директно што ќе се случи ако силите на Гадафи останат заедно и продолжат со непријателставата. Ситуацијата се компликува веќе на првиот ден по бомбардирањето, откако се разбра дека во Триполи полковникот Гадафи дели оружје на еден милион луѓе. Тие треба да „ја одбранат земјата од странската интервенција“ што во Лондон се оценува и како предвизвик на западните тврдења дека Либијците се против него, затоа што не е вообичаено диктатори да им делат оружје на оние кои сакаат да ги соборат.

Британските медиуми објавуваат делови од „пропагандната војна“ на либиската Влада и на бунтовниците околу ситуацијата во земјата. Либиската Влада тврди дека во синоќешниот напад има педесетона мртви цивили и дека се погодени и невоени цели. Бунтовниците во Мисурата, пак, денеска обвинија за нови напади на либиската армија и за „цивилни жртви“ од преку 90 луѓе и стотина повредени.

Нема телевизиски слики за борбите и за тоа што навистина се случува во овој град, за што телевизија Скај забележа дека е „чудно како таму можело да има напади на силите на Гадафи, кога тие синоќа беа изложени на жестоки напади“ од коалициските сили. Во Лондон се верува дека обвинувањата на бунтовниците за новит напади би можеле да послужат за нови напади врз територијата на Либија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...