Фукушима, 23 март 2011 (МИА) - Земјотрес со интензитет од шест степени според Рихтеровата скала го потресе утрово североисточниот дел на Јапонија, каде јапонските власти се борат да ја стават под контрола оштетената нуклеарка.
Засега нема информации дали најновиот земјотрес предизвикал штети и човечки жртви, но не е издадено предупредување за цунами.
Компанијата „Токио електрик пауер“ (ТЕПКО), која управува со нуклеарката „Фукушима“, наведе дека не добила информации дека најновиот земјотрес ја оштетил загрозената централа.