Северна Кореја поместена кон исток

Пјонгјанг, 25 март 2011 (МИА) - Катастрофалниот земјотрес што пред две седмици го погоди североисточниот дел на Јапонија, предизвика тектонско поместување на Северна Кореја за пет сантиметри кон исток, соопшти денеска еден од водечките севернокорејски експерти за земјотреси.

Експертот од Одделението за земјотреси во Северна Кореја, Канг Јин Сук, изјави дека неговата земја во катастрофалниот земјотрес со јачина од 9 степени според Рихтер се поместила за два до пет сантиметри кон исток.

- Како последица на тоа, нивото на подземните води кои ги следиме започна да се зголемува и намалува веднаш по земјотресот. Во останатите области меѓу останатото регистриравме пресушени извори, а водата во езерцата се замати, изјави Канг.

Тој изрази загриженост поради можноста во следниот период да се случат уште земјотреси кои следат по еден голем земјотрес, нагласувајќи дека според прогнозите удари со јачина од седум и осум степени според Рихтер може да се очекуваат во следните години и децении.

Ова претставува прва изјава на севернокорејски експерт за странски медиуми во врска со земјотресот во Јапонија, кој се случи на 11 март.

Според претходно објавените податоци од јапонскиот систем „Геонет“ кој опфаќа 1.200 станици на системот за глобално позиционирање, разорниот земјотрес ја поместил Јапонија четири метри источно од претходната географска положба.

Експертите претходно објавија дека земјотресот во Јапонија најверојатно ја поместил земјината оска за околу 16,5 сантиметри, што предизвикува побрзо движење на земјата и намалување на денот за околу 1,8 милионити дел од секундата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...