Ситуацијата во „Фукушима 1“ е непредвидлива

Токио, 29 март 2011 (МИА) - Јапонскиот премиер Наото Кан изјави дека несреќата со нуклеарната централа „Фукушима 1“, која беше сериозно оштетена од земјотресот и цунамито на 11 март, се наоѓа во фаза во која се бара максимална внимателност.

- Ситуацијата продолжува да биде непредвидлива. Треба да продолжиме да се справуваме со неа со сета своја сила, изјави Кан пред буџетската комисија на Горниот дом на јапонскиот Парламент.

Работите на обновувањето во седиштето на централата се одвиваат отежнато поради опасно високото ниво на радијација во водата која се има собрано во подземната сала со дизел генератори на вториот реактор. Според соопштението на Владата, таа вода најверојатно била извесно време во допир со делумно растопеното нуклеарно гориво во реакторот.

Покрај тоа, на пет места на територијата околу нуклеарната централа „Фукушима 1“ вчера беа откриени траги од плутониум, иако во незначително и безопасно количество.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...