Не сум мртов!

Каиро, 29 март 2011 (МИА) - Либиската државна телевизија денеска во живо емитуваше кадри на кои се гледа како маж, што многу личи на 32-годишниот Хамис, синот на полковник Моамер Гадафи, ги поздравува поддржувачите пред резиденцијата на татко му во Триполи, пренесоа светските агенции.

Според телевизијата, овие кадри ги демантираат соопштенијата во повеќе арапски медиуми за загинувањето на Хамис. Според нив, синот на Гадафи загина или при воздушните напади на западната коалиција врз Триполи или кога непријателски настроен воен пилот го урна својот авион врз резиденцијата на Гадафи во престолнината.

Хамис Гадафи е командант на елитната 32-ра тенковска бригада, сметана од многу набљудувачи за најподготвената борбена единица во Либија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...