Радиоактивноста во морската вода околу „Фукушима 1“ е 4.400 пати над нормалното

Токио, 31 март 2011 (МИА) - Концентрацијата на радиоактивен јод во морската вода во близина на оштетената јапонска нуклеарна централа „Фукушима 1“ ги надминува дозволените вредности за околу 4.400 пати.

Радиоактивниот изотоп јод-131 во морската вода на околу десетина метри од оштетените реактори бил содржан околу 4.385 пати над нормалното, додека вчера концентрацијата ги надминувала дозволените вредности за 3.355 пати.

Денеска измереното ниво е рекордно по природната катастрофа на 11 март. 

Постојано високите нивоа на радијација во морето во близина на „Фукушима 1“ може да значи дека оштетените реактори постојано испуштаат радиоактивни честички, посочи претставникот на јапонската Агенција за нуклеарна и индустриска безбедност. Тој потврди дека регулаторниот орган и инженерите кои работат на отстранувањето на хаваријата во централата не знаат од каде истекува радијацијата.

Агенцијата ја повикува јапонската Влада да размисли дали да ја прошири безбедносната зона околу „Фукушима 1“ која се наоѓа на радиус од 20 километри.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) веќе ја посоветува Јапонија да преземе таква мерка. Таквата мерка следеше откако во селото Иатате на околу 40 километри од централата беше регистрирано присуство на радиоактивен јод над дозволеното ниво.

Јапонската Влада во моментот не размислува да ја прошири зоната, изјави нејзиниот главен секретар Јукио Едано. Наместо тоа, Владата планира да ја зголеми контролата на можното радиоактивно загадување на почвата.

Моментно безбедносната зона се простира на радиус од 20 километри од нуклеарната централа, која беше оштетена од најголемиот земјотрес и цунами во историјата на земјата на 11 март. Владата ги охрабри луѓето кои живеат на 20 до 30 километри од централата да ги напуштат своите домови, но не ги обврза на тоа.

Предвидената за денеска операција за испуштање на специјална смола на територијата на „Фукушима 1“ за спречување на ширењето на радијацијата беше отежнато поради дождот, објави компанијата која управува со нуклеарната централа ТЕПКО.

Овие работи ќе продолжат околу две седмици. ТЕПКО е подготвена да започне со операцијата за испуштање на специјална смола кога времето ќе се подобри, иако операцијата засега е поместена за 1 април.

Бројот на жртвите од земјотресот и цунамито во Јапонија според полицијата надминува 27.600 лица. Официјалната бројка на загинати лица изнесува 11.417, а 16.273 се водат за исчезнати.

Најмногу жртви има во североисточните префектури Мијаги, Фукушима и Ивате, кои се најблиску до епицентарот на земјотресот и чие крајбрежје беше најмногу погодено од цунамито.

Четвртина милион луѓе остануваат во привремените засолништа. Целосно уништени се повеќе од 18.000 објекти, 5 илјади од кои се домови. 130 илјади згради се посериозно оштетени.

Според првичните проценки на Владата вкупниот износ на штетата може да надмине повеќе од 25 трилиони јени (308 милијарди долари).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...