Фукушима мора да се затвори

Токио, 31 март 2011 (МИА) - Јапонскиот премиер Наото Кан изјави денеска дека целиот хаварисан комплекс Фукушима-Даичи, во кој е предизвикана најголемата нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил во 1986 година, мора да биде затворен.

Проблемите во нуклеарниот комплекс почнаа кога по земјотресот со интензитет од девет степени според Рихтеровата скала и разорното цунами, кои на 11 март ги погодија североисточните и источните делови на Јапонија, дојде до прекин на струјата, поради што престана работата на системите за ладење на вкупно шестте реактори.

Поради прекинот на работата на системите за ладење дојде до серија експлозии и пожари во реакторите, до оштетување на инфраструктурата во кои се сместени јадрата на реакторите, како и до делумно топење или пораст на температурата во базените во кои се складира потрошеното нуклеарно гориво.

Јапонските власти оттогаш се обидуваат да го спречат целосното топење на реакторите и натамошното ширење на радијацијата, но досега нема стабилизација на ситуацијата. 

Јапонските власти претходно најавуваа дека нуклеарната централа би можела да биде затворена кога ќе се стабилизираат реакторите, а компанијата „ТЕПКО“, која раководи со Фукушима, соопшти дека реакторите 1,2,3 и четири ќе бидат изгаснати поради висината на штетата и количината на морската вода, која е истурена на нив, за да дојде до ладење, но оти реакторите пет и шест би можеле да останат во функција.

Кан исто така нагласи дека поради актуелната нуклеарна криза ќе ги преиспита плановите за изградба на најмалку 14 нови реактори во Јапонија до 2030 година. 

Согласно енергетскиот план, кој Владата го усвои во јуни 2010 година, нуклеарната енергија среднорочно и долгорочно треба да биде главен извор на енергија во Јапонија.

Полицијата соопшти дека поради страв од радијацијата илјада тела на жртвите на земјотресот и цунамито во зоната на евакуација од 20 километри околу Фукушима, се уште не се отстранети. 

Билансот на загинатите во земјотресот и цунамито достигна 11.362 лица, а за исчезнати се водат 16.290 лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...