Радиоактивна вода истекува во морето од Вториот реактор на нуклеарката „Фукушима 1“

Токио, 2 април 2011 (МИА) - Работниците на јапонската нуклеарна централа „Фукушима 1“ планираат денеска да ја бетонираат пукнатината на Вториот реактор, преку која во морето истекува радиоактивна вода, соопшти компанијата оператор ТЕПКО.

Вода со висока содржина на радиоактивни материи истекува преку пукнатините и влегува во морето преку канал.

Според експертите, содржината на јод-131 во морската вода во близина на централата ја надминува нормата 4.385 пати, а во подпочвените води крај зградата - 10.000 пати.

- Бидејќи нивото на радијација во морето во близина на електраната расте, се обидувавме да утврдиме зошто тоа е така, а ова би можело да биде еден извор. Ги проверуваме примероците вода од морето во близина на електраната, како и од јамата, и засега не можеме со сигурност да кажеме додека не ги проучиме резултатите, изјави заменик генералниот директор на јапонската Агенција за нуклеарна и индустриска безбедност (НИСА) Хидехико Нишијама.

Изложеноста на радијација од 500 милисиверти на час во текот на кус периот може да ја зголеми опасноста од рак.

Во меѓувреме, рускиот експерт за нуклеарна енергија Наталија Миронова, оцени дека нуклеарната катастрофа во Фукушима е многу поголема од онаа во Чернобил и оти поради неа би можело да дојде до ново дефинирање на меѓународната скала по која се мери опасноста од атомски несреќи.

- Чернобил претставуваше експлозија на валкана бомба. Следна валкана бомба е Фукушима и таа ќе чини многу повеќе во поглед на економијата и човечките жртви, истакна Миронова.

Миронова е инженер по термодинамика која по катастрофата во Чернобил во 1986 година стана еден од водечките антинуклеарни активисти во Русија.

- Чернобил, на меѓународната скала, имаше најголем, седми степен на опасност, а имаше само еден реактор и траеше само две недели. Фукушима трае три недели и тука имаме четири реактори кои знаеме дека се во многу опасна состојба, рече Миронова.

НИСА тврди дека кризата во Фукушима има петти степен на опасност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...