Освоена резиденцијата на Лоран Гбагбо

Абиџан, 5 април 2011 (МИА) - Приврзаниците на меѓународно признаениот претседател на Брегот на Слоновата Коска, Аласан Уатара синоќа ја презедоа резиденцијата на досегашниот шеф на државата Лоран Гбагбо.

Претседателската резиденција се наоѓа во источното предградие на Абиџан, Кокоди и беше една од основните цели на офанзивата на вооружените формации на Уатара.

Претходно, хеликоптери на Обединетите нации истрелаа четири ракети врз воен камп на Гбагбо. Во кампот Акуедо, во главниот град Абиџан сместени се три баталјони на армијата на Брегот на Слоновата Коска.

Од канцеларијата на францускиот претседател Никола Саркози соопштено е дека француската армија учествувала во операцијата врз кампот Акуедо со цел да се заштитат цивилите од насилството меѓу приврзаниците на Гбагбо и Уатара.

Приближно 12.000 државјани на Франција живеат во нејзината поранешна колонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...