Опаѓа слободата на медиумите во светот

Вашингтон, 3 мај 2011 (МИА) - На најниско ниво во последната декада опадна бројот на луѓето во светот со пристап до слободни и независни медиуми, се наведува во извештајот на „Фридом хаус“, објавен по повод 3 Мај, Светскиот ден на слободата на медиумите.

Во извештајот „Слобода на печатот 2011: Глобална анкета за медиумите“ се наведуваат повеќе земји каде има забележително опаѓање на слободата на медиумите, меѓу кои, Египет, Хондурас, Унгарија, Мексико, Јужна Кореја, Тајланд, Турција и Украина. 

Од 196 земји и територии оценувани во 2010, 68 односно 35 отсто се рангирани како слободни, 65 односно 33 отсто како делумно слободни, а 63 односно 32 отсто како неслободни.

Македонија и годинава е позиционирана во делумно слободните и на листата на „Фридом хаус“ го дели 96 место со БиХ. Од балканските земји Словенија е на 48. место, Грција е 65., Србија 72., Бугарија 77., Црна Гора 80., а Хрватска 85-та. Албанија е позиционирана на 102., Косово на 104, а Турција на 112 место.  

Најслободни се медиумите во Финска, Норвешка и Шведска, а новинарската слобода е најограничена во Бурма, Еритреја, Либија, Узбекистан, Туркменистан и Северна Кореја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...