Осама бин Ладен не бил вооружен

Вашингтон, 3 мај 2011 (МИА) - Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни денеска изјави дека лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен не бил вооружен кога американските командоси го нападнаа неговиот имот во Пакистан, но пружил отпор пред да биде застрелан.

Бин Ладен бил погоден во главата и градите. Една од сопругите на Бин Ладен нападнала командос при што и таа била погодена во ногата, но не била убиена како што се тврдеше во вчерашната изјава на претставник на Белата куќа.

Операцијата на американските командоси траела 40 минути.

- Очекувавме голем отпор и точно така бевме пресретнати. На имотот имаше многу луѓе кои беа вооружени, истакна Карни.

Тој додаде дека Белата куќа се уште не решила дали да објави фотографии од убиениот Бин Ладен бидејќи тоа може да предизвика бурни реакции.

Убиството на лидерот на Ал Каеда, според последната анкета на Ипсос, го зголеми рејтингот на американскиот претседател Барак Обама.

Според резултатите од анкетата што беше спроведена во понеделникот при што беа испитани 1.020 возрасни Американци, 39 проценти од испитаниците позитивно се изјасниле за лидерската вештина на Обама.

Исто така, 42 проценти од анкетираните позитивно се изјасниле за начинот на кој Обама ја води војната против тероризмот. За 32 отсто од Американците Обама е најзаслужен за нападот на американските командоси врз имотот на Бин Ладен во Пакистан, а 13 проценти сметаат дека заслугата е на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш.

Една третина од испитаниците, по убиството на Бин Ладен изјавиле дека го поддржуваат притворањето на осомничените терористи во американскиот затвор во Гвантенамо без претходно да им биде судено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...