Вашингтон, 6 мај 2011 (МИА) - Терористичката Ал Каеда анализирала можности за напади на територијата на САД, јавуваат американски медиуми повикувајќи се на првични резултати од информации пронајдени во домот на Осама бин Ладен.
Засега не е познато дали заговорот за терористички акт врз воз е се уште активен.
Министерството за внатрешна безбедност испратило писма до сите полициски управи во државата за намерата на Ал Каеда.
Во февруари лани Ал Каеда почнала со анализа за напад врз воз и уништување дел од железничка пруга. Нападот требало да биде изведен на 11 септември.
- Сакаме да нагласиме дека тој наводен заговор на Ал Каеда е заснован на почетни извештаи кои често може да наведат на погрешна трага и може да се променат, изјави портпаролот на Министерството Мер Чендлер. Вашингтон нема намера да упати официјално предупредување за терористичка опасност.