Ал Каеда ја потврди смртта на Осама бин Ладен

Вашингтон, 6 мај 2011 (МИА) - Терористичката организација Ал Каеда ја потврди смртта на својот лидер Осама бин Ладен, со соопштението што денеска го стави на исламистичките Интернет форуми и се заколна дека ќе го одмазди неговото убиство.

- Ние од организацијата Ал Каеда му ветуваме на семоќниот Алах и ја бараме неговата помош, поддршка и истрајност да продолжиме по патот на џихадот, патот по кој одеа нашите лидери, а пред сите Шеикот Осама, се наведува во соопштението за кое информира американската служба за следење на вебсајтови СИТЕ, јавија светските агенции.

-Нагласуваме дека крвта на борецот Шеик Осама бин Ладен, за нас и за сите муслимани е многу драгоцена за да биде напразно пролеана, се истакнува во соопштението на Ал Каеда.

Организацијата ги повика сите муслимани во Пакистан да се кренат против своите лидери „ и земјата да ја исчистат од срамот што им го нанесе група издајници и крадци кои се му продадоа на непријателот“ и од „валканите Американци кои во неа ја шират корупцијата“.

Соопштението на Ал Каеда, со датум од 3 мај, е првото на оваа организација објавено по смртта на Бин Ладен, а неговата автентичност за сега не е независно потврдена, наведуваат агенциите.

Ал Каеда, исто така, наведе дека наскоро ќе биде објавена аудио снимка на убиениот лидер, направена еден недела пред неговата смрт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...