Апсењето на Младиќ е предупредување за Гадафи и Башир

Апсењето на Ратко Младиќ по повеќе од една и пол деценија од крвопролевањата во Сараево и Сребреница, е силна порака дека додека меѓународната правда можеби е болно бавна, таа сепак има долго сеќавање.

Сепак, скептиците велат дека мечот на правдата има двојно сечиво. Се стравува дека помилувањето може да ги окуражи карактерите, како оние на либиецот Муамер Гадафи и на суданецот Омар ал Башир, осомничени за слични обвинувања, да се вратат на власт со уште пожестоки насилства.

Поранешниот воен командант на босанските Срби Младиќ можеше да се надева на поддршка од некои елементи во Србија и од стравот од националистички судири по неговото апсење, ако тоа можеше да го остави на слобода до крајот на неговиот живот.

Сепак, динамиката на политиката се сврте против него заради повисоките аспирации на земјата за меѓународна интеграција, наспроти било каквата лојалност во српската јавност која можеше да му ја даде.

- Најверојатно ќе има некакви протести и судири, но помалку отколку кога сето ова би се случило пред неколку години, рече Закари Ротштајн, регионален аналитичар за консултантската куќа Контрол рискс. - Мнозинството од населението најверојатно е повеќе приврзано кон членството во ЕУ, отколку да го брани Младиќ и другите криминалци заради националистички причини.

Ричард Дикер од њујоршкиот Хјуман рајтс воч, вели дека повеќе од 15 години по масакрот на 8000 муслимански момчиња и мажи во Сребреница, апсењето на Младиќ испраќа предупредување кон лидерите како Башир или Гадафи дека „правдата никогаш не заборава“.

Даниел Киохејн, истражувач од Институтот за безбедносни студии на Европската Унија од Париз, вели дека без разлика од заканата за апсење дури и по неколку години, тоа може да го разжести конфликтот во Либија, и со тоа и одлуката на Гадафи да остане на власт.

- Или Гадафи се обидува да остане до последен човек, или пак се обидува да избега некаде од каде може да го избегне судењето. Тој има две реални опции заради процедурите на Меѓународниот суд за воени злосторства(МСВЗ) пртив него, вели Киохејн.

Многу време пред меѓународните трибунали да ги изведат диктаторите пред суд, тие исчезнуваа во мирен егзил: меѓу нив се сега починатиот лидер на Уганда Иди Амин, етиопиецот Менгисту Хајле Маријам кој сега е во Зимбабве, и Жан Клод Дивалие, кој неодамна се врати на Хаити по 25 години егзил во Франција.

Бавната рака на правдата

И покрај апсењето на Младиќ, донесување обвиненија за воените криминалци е тешко на сегашното судење на двајца од тројца во трибуналот за Југославија, Младиќ и поранешниот водач на босанските Срби Радован Караџиќ, кои се уапсени во изминативе три години.

Суданецот Башир, кој од Меѓународниот суд во 2010 е обвинет за геноцид, сеуште е на власт, додека Џозеф Кони, водач на Армијата за божји отпор во Уганда го избегнуваше апсењето повеќе од шест години откако беше обвинет од судот.

- Потрагата по бегалците е тешка работа, посебно ако бегалецот за кој станува збор има мрежа на поддржувачи и информатори во структурите на владата... или целосно исчезнува криејќи се без да остави никаква реална трага, вели Николас Гвоздев, професор по студии за национална безбедност на Американскиот поморски воен колеџ.

Некои апсења зависат и од промените на режимите, а тоа е тема која поттикнува загриженост околу ставот за „победа на правдата“. Групите за човекови права велат дека меѓународните судови мораат да работат со двете страни на конфликтот, како што тоа беше случајот со Брегот на слонова коска, за да се избегне обвинувањето за пристрасност.

И иако некои се надеваат дека прифаќањето на Младиќ од страна на судот ќе овозможи спречување на идни криминални дела, холандскиот експерт за меѓународно право Герт Јан Кнупс вели дека нема „јасни докази“ дека судењата за меѓународни воени злосторства ќе ги поколеба политичките лидери обвинети за злосторства.

Силите на НАТО сега го засилуваат воениот притисок врз либискиот лидер Гадафи, кој се држи на власт и покрај востанието против неговото четиридецениско владеење. Во меѓувреме, обвинителите на Меѓународниот суд ги истражуваат наводите за гонење.

- Големите воени криминалци не се лесни за апсење; трагично, но тоа е една од причините заради која се тие успешни во спроведување на нивните злодела, вели Ели Ричардсон, поранешен постојан советник за Србија во американското Министерство за правда.

Сепак, Ричардсон додава дека случајот со Младиќ може да послужи како основа за апсење, барем за некои од нив.

Извештајот за Либија на Советот за безбедност на ОН до Меѓународниот суд е всушност важна пресвртница во поддршка за судот, бидејќи тоа е првиот непристрасен извештај, и првпат САД и Кина гласаа овој случај да се испрати на суд.

Сепак, судењата на осомничените за воени злосторства можеби изгледа дека е фрустрирачки споро, и со тоа потенцијално да ја подрие поддршката на судовите како МСВЗ, кој сега е пред завршување на првото судење.

Слободан Милошевиќ умре во 2006, четири години откако Судот за воени злосторства во Југославија обезбеди сведочење на стотици сведоци.

Серж Брамерц, главниот обвинител во трибуналот за Југославија ги брани долгите судења, истакнувајќи дека се фокусираат на масовните злосторства како што се етничкото чистење и геноцидот.

И покрај тоа што беше општо одобрена, операцијата за убиство на Осама бин Ладен последователно поттикна загриженост дека САД можеби отишле предалеку делувајќи и како полицаец, и судија и егзекутор.

Гвоздев исто така ја истакнува и важноста од апсењето и судењето како помош за да се стигне до вистината.

- Злото од холокаустот беше уништено не во 1945-46 по крајот на војната, туку по судењето на Адолф Ајхман во 1961... и со совршено подготвениот случај кое го детализираше крајното решавање (на војната), рече тој.

Стар - Петалинг Џаја (Малезија)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...