Потрага по талибанци инфилтрирани во авганистанските безбедносни сили

Вашингтон, 11 јуни 2011 (МИА) - Американската армија ќе испрати во Авганистан 80 агенти на службите за контрашпионажа, кои ќе помагаат во борбата против инфилтрирањето на талибанците во авганистанските сили за безбедност, пишува денеска весникот „Њујорк тајмс“.

Весникот цитира воени извори, според кои тие експерти ќе ги зајакнат личните проверки на новодојдените, одново ќе ги проверуваат профилите на војниците кои ја поминале обуката, и ќе ги затегнат процедурите за идентификување на лицата кои се подложни на врбување од талибанците и од нивните приврзаници.

Некои агенти веќе пристигнале на местото, а други се очекуваат во најскоро време, изјави портпаролот на НАТО во Авганистан потполковникот Дејвид Симонс.

Судирите меѓу талибанците и силите на НАТО се се пожестоки во секоја наредна година од почетокот на воената операција во 2001 година.

Минатата година САД испратија дополнителни 30.000 војници за постигнување конечна победа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...