Бунтовници на чекор пред Триполи

Триполи, 7 јули 2011 (МИА) - Либиските бунтовници бележат успеси во офанзивата околу Триполи и се повеќе напредуваат кон главниот град на земјата, додека во исто време силите на НАТО ги интензивираат нападите врз трупите на либискиот лидер Моамер Гадафи.

Според западните медиуми, бунтовниците потпомогнати од доставата на оружје од Франција и воздушните напади на силите на НАТО успеале да го освојат селото Гуалиш, на околу 50 километри јужно од Триполи и заробиле поголем број платеници од Гана и Мали, кои се борат на страната на војската на Гадафи.

Еден од бунтовничките команданти изјави дека неговите сили ги координирале своите акции со бомбардирањата на НАТО и во текот на минатата недела ги интензивирале нападите врз трупите на Гадафи.

Меѓутоа, заменик-министерот за надворешни работи на Либија Халед Каим ги демантираше информациите дека бунтовниците го зазеле Гуалиш. Тој ги обвини силите на НАТО дека ги интензивирале воздушните напади во пресрет на бунтовничката офанзива на Гуалиш, која, според него, е спречена и бунтовниците се потиснати.

Според извори во редовите на бунтовниците, бунтовничките сили се насочиле кон гарнизонот Гарјан, кој претставува стратешки важно упориште на владините трупи во реонот на планината Нафус, југозападно од Триполи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1483.- Големиот шпански морепловец Кристифор...
1610.- Умре Микеланџело Караваџо, италијански...
1784.- Во Париз умре Дени Дидро, француски...
1849.- Во битката кај Шегешвар, борејќи се во...