Вистинскиот план на НАТО за Либија

НАТО повеќе не ги штити ниту либиските бунтовници, ниту внатрешните кругови на Гадафи. Па тогаш во чиј интерес делува?

Што прави НАТО во Либија? Возејќи се низ било кој град кој го држат либиските бунтовници, лесно може да се забележат слоганите од раните денови на офанзивата на НАТО: „Ви благодариме САД, Британија и Франција“, „Ви благодариме НАТО“,. Графитите се потсетник на моментот кога воздушните напади ги спречија тенковите на Муамер Гадафи да ги прегазат бунтовниците во Бенгази.

Но, три месеци подоцна, тој сентимент исчезнува. Минатиот месец на бунтовничката позиција во планините Нафуса во западна Либија, ова стана очигледно. Гадафи неколку недели го ракетираше градот Налут, а бунтовниците од планинските врвови можеа јасно да ги гледаат ракетните фрлачи. Тие велат дека ги известиле НАТО за координатите, но овие ретко тие информации ги користат.

Според нив, во една прилика авион на НАТО прелетал над ракетниот фрлач додека тој испукувал, но не сторил ништо. Командант на бунтовниците запраша: „Што прави НАТО во врска со ракетирањата на Гадафи?“ Едно девојче остана без родители затоа што НАТО не ни помага. Само се зборува и нема никаква акција, револуционерите ја загубија довербата во НАТО, јасно е дека си спроведуваат свои интереси“.

На источниот фронт има слични чувства. Сепак, додека конфузијата и бесот се вообичаени, има малку сознанија дека постојат реакции за да се дефинира стратегијата на НАТО. Како што наведува Економист, силите на НАТО „се надеваат дека бунтовниците нема да го заземат Триполи по напредувањето на исток“.

Наместо тоа, тие сакаат да го видат режимот како импонира и повеќе се надеваат да одговорат на стратегијата за притисок врз командниот апарат на Гадафи отколку врз тенковите кои ги спречуваат бунтовниците да напредуваат. Тоа е причина за закоченоста. Според „Економист“, причината за ова е „ризикот од одмазда на лојалистите на Гадафи“ во корист на бунтовниците. Но, нели приоритет на НАТО е да се минимизираат загубите на животи?

Постојат повеќе причини да се биде скептичен. За почеток, додека се случуваат кршења на човековите права од страна на бунтовниците, тоа не се однесува на масовни убиства. Бунтовниците имаат намера да ги видат војниците на Гадафи како се победени, и имаат намера цивилите во градовите како Триполи да ги дигнат на бунт.

Често војниците од другата страна може да се видат како „либиски браќа“. Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен рече: „Не верувам дека бунтовниците ќе ги нападна цивилите“. Покрај ова, продолжениот конфликт секој ден однесува се повеќе животи, додека бунтовниците со мало оружје се обидуваат да се борат против армијата на тенкови и артилерија. НАТО во Триполи напаѓа воени цели, ставајќи ги со тоа цивилите во ризик, а власта на Гадафи се одржа подолго отколку што НАТО очекуваше.

Но, зошто НАТО би сакале повеќе отфрлање на Гадафи од страна на неговите внатрешни кругови, отколку победа од страна на бунтовниците? Таков преврат може да доведе до преговори помеѓу елементите на стариот систем, околу меѓу Гадафи и водството на бунтовниците а таму има многу личности од поранешниот режим. Западните влади сакаат стабилност и влијание, и тие ги гледаат личностите од стариот режим - минус фамилијата на Гадафи - како најдобар гарант за тоа.

Во меѓувреме закоченоста причинува тензии. На 20 јуни бунтовниците ги прекинаа нафтоводите од јужните извори во Завија, иако НАТО побара да не го прават тоа. На 29 јуни се откри дека француската влада еднострано шверцува оружје, вклучувајќи и „лесни тенкови“ за бунтовниците на запад. Франција има несогласување со нејзините коалициони партнери околу тоа како да се тргне Гадафи и настојува да воспостави директно влијание врз бунтовниците.

Во првата третина од јуни, 46 проценти од нападите на НАТО се случија во близина на Триполи, и покрај тиа што таму нема борби, додека во последната третина тој процент падна на 17. По 20 јуни, бројот на нападите дневно надвор од Триполи скоро исчезна. Ова укажува на некаква реориентација кон бунтовниците на бојното поле, можеби како одговор на изненадувачката жилавост на Гадафи. Сепак оваа жилавост не е бесконечна. Кога ќе си замине, иднината на Либија ќе стане терен на силите кои го оставија на цедило.

Тоа вклучува учество на различни западни сили и бегалци од стариот режим. Секој од нив сега се бори за влијание, а стратегијата на НАТО е еден израз на таа битка.

Гардијан - Лондон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...