За таблоидите

Мора да признаете на Руперт Мардок и неговите послушници: ги земаа добрите стари таблоиди и ги претворија во весници во кои повеќе не е прашање колку ниско може да падне човечката природа, туку – дали постои било што, колку и да е расипано, што новинарот нема да го направи за да дојде до добра приказна

Едно прекрасно неделно утро во дворецот Брајдсхед, Себастијан Флајт прекинува јалова расправа за религијата и моралот, бидејќи сака да се внесе во таблоидите: „Се врати на читање на таблоидот „Њуз оф д Ворлд“ и промрморе – Уште еден немирен водач на извидниците... Чарлс, немој да бидеш досаден, сакам да читам за жената од Хал (град во Британија) која користела одреден инструмент... уште 38 случаи се земени на разгледување кога била осудена на шест месеци – Господе боже!“.

Како што забележа мојата колешка Ана Аплбаум во еден натпис исто така објавен во Слејт, Џорџ Орвел во својот есеј „Decline of the English Murder“ точно знаел како да подготви сцена за пријатно фантазирање за човечката расипаност: недела попладне, по можност по војната. Жена веќе спие во фотелјата, децата се испратени на убава долга прошетка. Ги подигнувате нозете на креветот, ги ставате наочарите и ги отварате „Њуз оф д Ворлд“ ... Во ваков пријатен момент, за што сакате да читате?

Орвеловиот одговор: „За убиство, секако“ – значително се разликува од наклоноста на Евелин Во кон сексуалната перверзија. Може ќе забележите дека двајцата автори, или нивните ликови, намерно ја уништуваат приказната, бирајќи весници наменети за понеписмениот дел од пролетеријатот. Меѓутоа, таблоидот „Њуз оф д Ворлд“ веќе со децении, речиси од средината на викторијанската ера, претставува добитна формула за опис на злосторства, беда и пороци. Брилијантноста на оваа формула лежи во нејзиното достоинствено лицемерие, всушност, во два различни видови на достоинствено лицемерие.

Прво, не се практикуваше сензационализам и не се изнесуваа шокантни детали, за да се надуваат тажните вести за човечките слабости. Приказните беа објавувани повеќе со тага отколку со лутина, весникот излегуваше во недела, ден кој сеуште дишеше со морална и правна сила, а целта беше да се покаже како е лесно да се изгуби угледот или некој да се посрамоти. Второ, новинарите и уредниците се држеа до висок морален тон. На пример, тие би испитувале настани во јавни куќи само до одредена граница. Кога би го достигнале одреденото ниво на вмешаност, би се појавила фраза која стана позната и во печатот и во судот. Новинарот свечено би изјавил: Во тој момент се извинив и заминав. Ова ниво на воздржаност се сметаше за неопходно за да може работата да се заврши на коректен начин.

Мора да признаете на Руперт Мардок и неговите послушници: ги земаа добрите стари таблоиди и ги претворија во весници во кои повеќе не е прашање колку ниско може да падне човечката природа, туку – дали постои било што, колку и да е расипано, што новинарот нема да го направи за да дојде до добра приказна. Признавам дека ова прашање не е новитет во фолклорот на британскиот печат. Во своето ремек дело Сцооп, опишувајќи тим од новинари „на задача“, Евелин Во учел што е тоа што најсилно ги поврзува.

„Тие заедно демнеа на многу врати и на сила влегуваа во домови погодени од несреќа“. Како новинарче почетник, се сеќавам дека секогаш ми зборуваа да одам со партнер ако планирам да посетам дом во кој живее жртва на силување или ожалостено семејство. „Секогаш ќе ви понудат шоља чај. Појдете со нив во кујната, а вашиот другар ќе има доволно време да земе некоја семејна фотографија од полицата“.

Секако дека тие луѓе кон кои новинарите се наметнуваат на ваков бездушен начин се ужасно вознемирени. Меѓутоа, милиони луѓе кои во тој момент не се жртви и кои сакаат да читаат за тие кои се жртви, ова има спротивен ефект. Кога новинарите толку површно пишуваат за големото влијание кои весниците на Мардок го имаа на политичарите, тие всушност мислат на читателите на Мардок: Неговиот единствен талент лежи во тоа што тој знае што сакаат тие.

А тоа што го сакаат тие е нарушување на приватноста – колку повеќе, толку подобро.

(Во романот на Мајкл Фрејн „Лимени луѓе“, единствен кој може да конкурира на делото на Во, на одбрани групи потрошувачи биле поставени прашања за нивните потреби кога се во прашање таблоидите. Во случај на пад на авион, дали повеќе би сакале да читаат за тоа како на тлото се најдени расфрлени детски играчки? Ако жена е сексуално нападната, дали треба да се опишува дека е најдена со или без долна облека? Да, драг читателе и ти си исто така лицемер).

Последиците од овој скандал исто лошо влијаела на двете главни политички партии во Британија. Неколку влади на Лабуристичката партија негуваа многу топли односи со Мардок, додека лидерот на Конзервативната партија Дејвид Камерон го постави поранешниот уредник на Вести од светот, кој е вмешан во скандалот поврзан со прислушкување на телефонски разговори на познати лица, на една висока државна медиумска функција (самиот Камерон, освен професионалниот политички ангажман, не се обиде во ниту една друга кариера освен менаџер за односи со јавноста на ТВ компаниите).

Меѓутоа, најмногу е занемарен следниот аспект на овој цел дебакл – најголемиот дел обвиненијата за сомнителните активности упатени на сметка на империјата на Мардок дојдоа од други весници. Под уредничката палка на Алан Расбриџер, „Гардијан“ се впушти во кршење на старото непишано правило на британскиот новински клан - „гавран на гавран очи не вади“. Кабинетот на премиерот се покажа неспособен да спроведе истрага; судовите и обвинителите како да не знаеле ништо за состојбата во законодавството, додека полицијата беше премногу зафатена со собирање на мито заработено на давање на информации на новинарите. Генерално гледано, вистина е дека работата на овие институции и не е да ја чува чесноста на печатот. (Можам да се заколнам дека некаде прочитав дека целата работа е замислена спротивно). Па сепак охрабрувачки е да се знае дека во моментот кога на новинарството навистина му било потребно некој да ја исчисти нечистотијата, најдоа весник кој беше подготвен да ја заврши оваа работа.

Во истиот период, Расбриџер и Гардијан основаа лондонски дел на конзорциум кој се обидуваше да наметне барем некои елементи на селекција и давање на приоритет внатре во хаосот во кој се претвори Викиликс. Тука во прашање беше сериозно разоткривање на многу важни факти – а до некои од нив се дојде токму со нарушување на приватноста. Тоа што паѓа во очи кога е во прашање материјал кој го објавуваат „Њуз оф д Ворлд“, е неговата перманентна безвредност: кога сурови работи ќе се случат на неважни луѓе, или кога гадни работи се случуваат на познати луѓе.

Само лакомоста и воајеризмот даваат енергија. Еден вид Грешемов закон почнува да управува со новинарството, или подобро кажано, почнува да истиснува конкретни информации по пат на голем бран на невкус и популизам. Во оваа смисла, исто така, многу работи зависат од резултатот на битката меѓу Мардоковиот и Гардијановиот поглед на свет.

6уka.com - Сараево



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...