Нема да преговарам со никого

Сирт, 22 јули 2011 (МИА) - Либискиот лидер Моамер Гадафи исклучува секакви преговори со бунтовниците за иднината на северноафриканската држава, пренесоа светските агенции.

-Нема да зборувам со нив. Нема да има никакви преговори меѓу мене и нив до Денот на страшниот суд, изјави Гадафи во обраќањето кон учесниците на митингот за негова поддршка во неговиот роден град Сирт, источно од престолнината Триполи.

Странските новинари беа поканети во официјална посета на Сирт од страна на либиската влада, забележуваат агенциите.

Либискиот народ „ќе победи во судирите, а силите на НАТО ќе бидат победени и ќе се вратат со празни раце, додаде Гадафи, цитиран од француските медиуми.

Либискиот лидер упати предупредување кон бунтовниците, кои контролираат неколку региони во земјата: „Народните маси ќе тргнат против вас и ќе ве столчат“.

Во друг говор, емитуван на либиската телевизија, полковникот Гадафи ги повика лидерите на племињата во Мисрата да си ја повратат контролата врз градот, што долго време е во рацете на бунтовниците.

Преговори со режимот на Гадафи нема да има, додека тој не се откаже од власта, изјави претседателот на либискиот Преоден национален совет Махмуд Џибрил по средбата во Мадрид со шпанската министерка за надворешни работи Тринидад Хименес, пренесоа агенциите.

Џибрил подвлече дека либиските бунтовници ќе ја продолжат вооружената борба против диктаторскиот режим.

Хименес ја истакна неопходноста Гадафи да се отстрани од власта, што ќе значи почеток на процесот на демократски промени во Либија. Таа подвлече дека Гадафи во моментов е во изолација и дека вршењето политички, економски и воен притисок врз режимот ќе продолжи истовремено со полагањето на темелите на идната демократска Либија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...