Започна судскиот процес против Хосни Мубарак

Каиро, 3 август 2011 (МИА) - Во Каиро денеска почна судењето на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и блиските соработници, меѓу кои и неговите двајца синови.

Обвинетите пред судот се изјаснија дека не се виновни ниту по една точка од обвинението. Мубарак е обвинет за убиство на демонстранти за време на бунтот против него на почетокот на годинава, за профитирање со злоупотреба на положбата и за извоз на плин за Израел по цена пониска од онаа на меѓународниот пазар. Неговите синови се обвинети за профитирање користејќи го влијанието на нивниот татко, и за тоа би можеле да добијат казни затвор од пет до 15 години. Обвинети се и министерот за внатрешни работи Хабиб ал-Адли и шестмина државни функционери.

Појавувањето на Мубарак во судницата во болнички кревет предизвика различни реакции, од оние кои го сожалуваат до толкувања дека тоа претставува евтин трик за да предизвика жал и симпатии кај народот. Јавноста денеска имаше можност првпат да го види Мубарак по 10 февруари, еден ден пред неговото заминување од власт.

Судењето го пренесува египетската државна телевизија, а пред зградата на Полициската академија, каде се одржува процесот, се судрија стотина противници и приврзаници  на режимот на Мубарак, додека стотина полицајци се обидуваат да ја раздвојат разбеснетата толпа.

Судскиот процес се одржува под силно обезбедување од дури 3.000 полицајци.

Поранешниот долгогодишен египетски претседател би можел да биде осуден на смртна казна доколку биде прогласен за виновен. Адвокатот на Мубарак предупреди дека нековиот клиент е во тешка здравствена состојба.

Хосни Мубарак поднесе оставка на 11 февруари, по 18 денови бурни протести на каирскиот плоштад Тахрир, за време на кои се убиени околу 850 луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...