Кој е Моамер Гадафи?

Непредвидлив и ексцентричен. Така најчесто го опишуваат човекот кој 42 години е на чело на Либија. Најдолговечниот владетел во Африка, Моамер Гадафи, никогаш немал влакна на јазикот, но мудро проценувал кога треба да застане. Тој дошол на власт во 1969 година со државен удар. Предводел група од офицери, кои без пролевање крв ја презеле власта во земјата.

Самопрогласениот револуционерен водач, официјален мандат и функција никогаш не добил. Либија ја претворил во една од најбогатите африкански земји, благодарение на резервите со нафта. Токму поради црното злато, на Гадафи често пати му се прогледувало низ прсти кога јавно настапувал.

“Советот за безбедност е всушност безбедносен феудализам, политички феудализам за оние кои имаат постојани места. Ги користат против нас. Советот за безбедност би требал да се вика Совет на теророт“, рекол Гадафи во обраќање во Обединетите нации на 23 септември, 2009 година.

Гадафи е татко на осум деца, а се женел два пати. Втората сопруга ја запознал во текот на својата посета на Југославија. Софија Фаркаш од Мостар. Добрите односи со Тито, Гадафи ги пресликал со челниците на земјите кои ја наследија Југославија. Кога бранот од незадоволство се прошири на северот на Африка, листата на пријатели на Гадафи започна да се намалува. Довчерашните сојузници станаа противници. Особено откако либискиот лидер со сите средства ги нападна демонстрантите.

Шест месеци од почетокот на револуцијата, на диктатурата на Гадафи и’ се ближи крајот. Неговите жени и телохранители кои го прателе на патувањата, се чини, повеќе нема да се забележат.

Конечно после 41 година и 255 дена, дојде крајот на владеењето на Моамер Гадафи во Либија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...